Mazin Majeed Asaad Baqal
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ЕРБИЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се состана со премиерот на Курдската регионална управа во северен Ирак, Нечирван Барзани, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу вчера во Багдад и Басра се состана со највисоките ирачки официјални претставници, а денес пристигна во Ербил на разговори со челникот на Регионалната управа, Барзани.
Состанокот на Чавушоглу и Барзани се одржа зад затворени врати, а двајцата ќе имаат и работен ручек.
Турскиот шеф на дипломатијата, Чавушоглу, вчера во Багдад изјави дека Турција и Ирак имаат намера значително да ја интензивираат билатералната соработка и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон крајот на годинава ќе престојува во официјална посета на Багдад.