Sinan Doğan
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, истакна дека надлежните фатиле две лица кои подготвувале напад врз хидроцентралата „Симон Боливар“, пренеусва Anadolu Agency (AA).
Мадуро, во изјавата за прекинот на електричната енергија во Венецуела, што започна минатиот четврток и сѐ уште продолжува во повеќе места, нагласи: „Фативме две лица кои подготвуваа саботажа врз хидроелектричната централа „Симон Боливар“.“
„Ја замолувам правдата да бара отчетност од главните организатори на саботажите за нанесената колатерална штета врз нашиот народ“, рече Мадуро, истакнувајќи дека иницијативата за саботажа била планирана кон комуникацискиот систем на хидроелектричната централа „Симон Боливар“.
Мадуро, исто така истакна дека целта на лицата кои планирале саботажа, била против правото на живот на граѓаните на Венецуела, правото да живеат во мир и спокојство.
„Сите обиди на американската империјалистичка Влада за Венецуела не беа успешни“, рече Мадуро, наведувајќи дека зад сите напади започнати минатата недела кон неговата земја, лежи „воена стратегија“, обвинувајќи ја Владата на САД дека стои зад саботажите.
Претседателот Мадуро, наведувајќи дека Владата на САД со нападите мисли дека народот на Венецуела ќе излуди и ќе се предаде, рече: „Сепак, луѓето на Венецуела ќе продолжат да се спротивставуваат на ваквите напади со најдлабоко чувство за патриотизам.“
Мадуро ги повика сите Венецуелци да се обединат за да го одржат националното единство на Венецуела и сите заедно да продолжат да растат и да стануваат посилни.
- Прекин на електричната енергија низ цела Венецуела -
Во четвртокот, поради настанат дефект, хидроцентралата „Симон Боливар“, која обезбедува електрична енергија за голем дел од Венецуела, прекина да доставува електрична енергија. Поради настанатиот дефект, електрична енергија немаше во 22 од 23 сојузни држави во земјата.
Владата соопшти дека имало напад врз хидроелектричната централа, поради што земјата останала без електрична енергија.
Опозицијата, пак, тврдеше дека причината за прекинот на електричната енергија е необновената инфраструктура, и затоа го обвини претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и Владата.