Alma Çekovic
21 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
МОСКВА (АА) - Третиот Меѓународен фестивал за огномет „Ростек“ заврши синоќа во Москва, а во рамките на фестивалот беа лансирани 60.000 огнометни ракети, со 28 тони пиротехнички средства, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот фестивал за огномет се одржа во московскиот Братеjевски каскаден парк, а на спектаклот присуствуваа десетици илјади гледачи.
На фестивалот присуствуваа тимови од Русија, Бразил, Хрватска, Кина, Ерменија, Романија, Австрија и од Јапонија.
Тимовите ги претставија своите огномети пред илјадниците гледачи и членови на жирито.

Секоја изведба траеше девет минути, а гледачите имаа можност да сведочат на спектакуларната глетка од пиротехнички уреди синхронизирани со музика.
Фестивалот траеше два дена, а во овогодишното издание беа лансирани 10.000 огнометни ракети повеќе од минатата година, кои достигнуваа височина од 200 метри.
Минатогодишното издание на фестивалот се одржа на 23 и 24 јули, а на него учествуваа повеќе од 200.000 луѓе.