Murat Ünlü
21 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот град Марсеј се извршени два напада врз луѓе кои чекале на автобуска станица. Во двата напада животот го загуби едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во француските медиуми, кои се темелат на безбедносни извори, во 11. департман во подрачјето Буш-ду-Рон (сливот на Рона) во Марсеј, во утринските часови едно лице со своето возило влетало во лицата кои чекале на автобуската станица. Откако избегал, напаѓачот влетал со возилото и во луѓе кои чекале на автобуската станица во 13. департман од истото подрачје.
Во двата напада загина едно лице, а објавено е дека има и повредени.
Напаѓачот е фатен по вториот напад. Според првичните информации, тој не се наоѓа на листата со лица по кои се трага од страна на француските безбедносни сили поради поврзаност со тероризам.