Hanife Sevinç
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Сојузот на студентите на Анадолија од Турција ќе спроведе кампања со цел да се организира ифтар по повод „15. Рамазан – Светскиот ден на сираците“ во 15 земји од светот, вклучувајќи ги и Македонија, Албанија и Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од Сојузот, во рамките на кампањата „Братска софра“, започната од страна на Сојузот на студентите на Анадолија, во светиот месец за муслиманите, Рамазан, студентите собираат парични средства во над 100 универзитети од повеќе од 70 града во Турција.
Со собраните парични средства, во организација на Здружението за помош и солидарност „Ијилик-дер“ ќе се постават ифтарски софри за сираците во 15 земји во светот.
На организираните ифтари во Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Халабџа, Идлиб, Сомалија, Киригистан, Буркина Фасо, Јемен, Бангладеш, Нигер, Ерусалим, Газа, Кипар и во Ербил, ќе се сподели братството, добрината, милоста со сираците.
Сојузот на студентите на Анадолија минатата година постави софра за 5.000 сираци во Газа.