Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Бизнисменот со унгарско потекло Џорџ Сорос донирал 18 милијарди долари од личното богатство од вкупно 24,6 милијарди долари, за фондацијата Отворено општество (Open Society Foundations) чиј основач е тој самиот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштеното, Сорос донирал 18 милијарди долари за фондацијата Отворено општество, за која се тврди дека е посредник за обезбедување финансии за административните промени и за внатрешни немири, особено во Источна Европа.
Според веста на „CNNMoney“, во соопштението на оваа фондација се потврдува донацијата на голема сума од страна на Сорос.
Надлежен од фондацијата, кој сакаше да остане анонимен, преку електронска пошта соопшти дека донацијата е продолжение на преносот на богатството, и тоа трае веќе неколку години.
Надлежниот истакна дека Сорос планира поголемиот дел од своето богатство да го остави на фондациите Отворено општество.
Портпаролката на оваа фондација, Лаура Силбер, пренесе дека според податоците на „National Philanthropic Trust“ (Националниот фонд за филантропија), благодарение на донацијата од 18 милијарди долари, фондацијата станала втората најголема фондација по фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Сорос се обвинува за финансирање на внатрешни немири и за интервенирање во внатрешната политика на повеќе земји.
- Унгарската Влада и Соросовата криза -
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Питер Сијарто, во мај тврдеше дека барањето за започнување истрага во Европскиот парламент (ЕП) против Унгарија е план на американскиот милијардер, Џорџ Сорос.
Сијарто реагираше против барањето за започнување на процесот во ЕП кој може да предизвика суспендирање на правото на глас на Унгарија во Европската комисија, под изговор дека сериозно е нарушуван принципот на владеење на правото, демократијата и основните права.
Во транспарентите подготвени во рамките на кампањата против Сорос на 7 јули, од страна на унгарската Влада, беа истакнати натписи како: „Да не дозволиме на крај да се смее Сорос“.
- Обвинување за поддршка на илегалната миграција -
Унгарската Влада, која е позната по својот став против бегалците, обвинува дека преку невладините организации финансирани од Сорос, годишно во Европа се сместуваат околу 1 милион бегалци.
Премиерот Орбан во неделното обраќање во програмата на националното унгарско радио „Kossuth Radio“ (Радио Косут), тврди дека Брисел е под влијание на Сорос. „Џорџ Сорос ги купи луѓето и организациите. И Брисел е под негово влијание. Сакаат да ги урнат жичените огради и милиони бегалци да влезат во Европа, за подоцна, истите тие бегалци задолжително да бидат распределени. Сакаат да ги казнат оние што тоа не сакаат да го прифатат“, додаде тој.
Премиерот Орбан претходно даде изјава во којашто вели: „Сорос, тајно, преку своите институции дава материјална поддршка за нелегалните миграции. Според бегалската политика на Сорос, во ЕУ треба секоја година да се префрлаат по 1 милион бегалци. Европската комисија, Џорџ Сорос и невладините организации ја напаѓаат унгарската регулатива за бегалци, и сакаат да се урне жичената ограда на унгарската граница, да се извршат правни измени и да се дозволи влез на илегалните мигранти во земјата“.