Doğa Kırmızıoğlu
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА
На атлетскиот митинг што се одржува во Шпанија соборени се два светски рекорди. Џошуа Чептегеј од Уганда на трката од 10.000 метри во машка конкуренција и Летесенбет Гидеј од Етиопија на трката од 5.000 метри во женска конкуренција поставија нови светски рекорди, известува Агенција Анадолија (АА).
На атлетскиот митинг именуван како „НН Ден на светски рекорди - Валенсија“, двајца спортисти успеаја да урнат светски рекорди.
Во трката од 10.000 метри во машка конкуренција, 24-годишниот Чептегеј со време од 26 минути и 11 секунди го освои првото место на трката во Валенсија и по 15 години го собори светскиот рекорд на Етиопјанецот Кенениса Бекела (26.17.53) за повеќе од 6 секунди.
Во женска конкуренција на трката на 5.000 метри 22-годишната Гидеј со време од 14 минути 6,62 секунди го собори светскиот рекорд на својата сонародничка Тирунеш Дибаба, поставен во 2008 година (14 минути 11,15 секунди).