свет

Сиси рече дека преговорите за Газа напредуваат,го покани Трамп да присуствува на потпишување договор доколку се постигне

„Го поканувам претседателот на САД, Доналд Трамп, да присуствува на потпишувањето на договорот за прекин на огнот, во Египет, доколку се постигне. Би било прекрасно да биде тука“, изјави Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

Rania R.a. Abushamala  | 08.10.2025 - Обновена : 08.10.2025
Сиси рече дека преговорите за Газа напредуваат,го покани Трамп да присуствува на потпишување договор доколку се постигне

КАИРО (АА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси денес изјави дека преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во египетскиот град Шарм ел-Шеик напредуваат, при што го покани американскиот претседател Доналд Трамп да присуствува на потпишувањето на договорот во Египет, доколку се постигне, јавува Анадолу.

Говорејќи на церемонија по повод дипломирањето на полициски кадети во источен Каиро, Сиси рече дека разговорите во Шарм ел-Шеик „се движат позитивно“.

„Го поканувам претседателот на САД, Доналд Трамп, да присуствува на потпишувањето на договорот за прекин на огнот, во Египет, доколку се постигне. Би било прекрасно да биде тука“, изјави Сиси.

Хамас денес соопшти дека ги разменил со Израел списоците на палестински затвореници кои би требало да бидат ослободени, додека индиректните преговори меѓу двете страни продолжуваат.

Делегации на високо ниво се приклучија на преговорите, вклучувајќи го и американскиот претставник Стив Виткоф, зетот на Трамп, Џаред Кушнер, и катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман.

Шефот на турското разузнавање Ибрахим Калин и израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер треба да пристигнат за да учествуваат во разговорите.

На 29 септември Трамп претстави план од 20 точки, кој вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестинските затвореници, прекин на огнот, разоружување на палестинската група Хамас и обнова на Газа.

Од октомври 2023 година израелската војска уби над 67.100 Палестинци во Газа, повеќето жени и деца.

Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата несоодветна за живеење и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.