Gülşen Topçu
17 Октомври 2023•Ажурирај: 17 Октомври 2023
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси и американскиот претседател Џо Бајден изјавија дека израелско-палестинскиот конфликт не треба да се прошири на поширок регион, пренесува Анадолу.
Во соопштението од Кабинетот на египетскиот претседател се наведува дека Сиси и Бајден разговарале телефонски.
Разговорот следувал по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Египет на 15 октомври.
Сиси и Бајден се согласија дека заштитата на цивилите и доставувањето хуманитарна помош во Газа се приоритети.
Двајцата лидери истакнаа дека ситуацијата мора да се стави под контрола за да не се прошири конфликтот на пошироко подрачје и да не ги загрози регионалната безбедност и стабилност.
Сиси за време на состанокот со американскиот државен секретар Блинкен во Каиро рече дека реакцијата на Израел ја надминала самоодбраната и се претворила во колективна казна.