Ekipa
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
АЗАЗ (АА) – ОМЕР КОПАРАН / ЛЕВЕНТ ТОК –
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го окупираше подрачјето на Тел Рифат во северна Сирија, дејствувајќи заедно со Русија и режимските сили на Башар ал Асад, се обидува да го зачува подрачјето под своја контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачјето на Тел Рифат, кое се наоѓа во северниот дел на Сирија, на 18 километри оддалеченост од границата со Турција, повеќе од три години се наоѓа под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Губењето на Африн зададе тежок удар на терористичката организација, која, за да ја зачува контролата врз Тел Рифат се потпира на силите на режимот на Асад и присуството на Русија.
Според информациите од локалните извори, руски воени советници и некои војници на режимот на 5. Корпус ѝ се придружуваат на терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на Тел Рифат.
Режимските војници слободно се движат низ центарот на градот, а пред околу една недела на некои објекти во центарот и на едно возвишение во Кефер Насих го поставија своето знаме.
Извори велат дека терористичката организацијата дејствува на сличен начин и во другите области на Тел Рифат, со Русија и со силите на режимот.
Режимот на Асад е присутен во подрачјето на Тел Рифат за градот да не го препушти на опозицијата, а исто така и за да претставува закана за областите ослободени во офанзивите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ (предводени од турските вооружени сили). Градовите Нубл и Захра во јужниот дел на регионот, се контролирани од страна на странските терористи поддржани од Иран.
Терористичката организација која верува во заштитата од режимот и Русија, оваа област продолжува да ја користи како база за напади на Африн и Баб, кои се наоѓаат на северозападниот и југоисточниот дел на Тел Рифат. Турските вооружени сили често со артилериско оружје возвраќаат врз целите на терористичката организација во Тел Рифат.
- Важноста на Тел Рифат -
Организацијата, откако ја окупираше областа, принуди 250 илјади арапски цивили да мигрираат. Во Тел Рифат ги смести курдските семејства, блиски до организацијата, што ги донесе од Африн. Населението на Тел Рифат се смести во областа Азаз, контролирана од опозицијата и сосед со областа ослободена со „Штитот на Еуфрат“.
Моментално во областа живеат околу 15 - 20 илјади Курди и Арапи. Само 700 - 800 се локални Арапи од Тел Рифат.
Жителите во подрачјето на Тел Рифат и голем број припадници на Слободната сириска војска организираа демонстрации за да ги спасат своите области за време на операцијата „Маслинова гранка“.
Турските вооружени сили и Слободната сириска војска, за време на операцијата, неколку села кои припаѓаат на областа Тел Рифат ги вратија под своја контрола.
Аnadolu Аgency, во март 2018 година подрачјето на Тел Рифат го сними од воздух. Од снимките се забележува дека огромни јами биле ископани во големите земјоделски површини, а центарот на подрачјето е опкружен со долги одбранбени столбови. Привлече внимание и тоа дека во центарот на градот немаше движење на граѓани.