Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
27 Ноември 2024•Ажурирај: 28 Ноември 2024
ИДЛИБ (АА) - Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу.
Во судирите, кои започнаа во раните утрински часови, вооружени групи поврзани со „Тахрир ал-Шам“ напаѓаат во правец на западен Алепо. Зазедоа и неколку села.
Антирежимските вооружени групи дојдоа на осум километри од центарот на градот Алепо, а судирите продолжуваат.
Антирежимските вооружени групи денес презедоа контрола над површина од 138 квадратни километри.
Како што продолжува судирот, силите на Асадовиот режим ги гаѓаат цивилните населби со оружје земја-земја.
Цивилите кои бегаат од судирите во регионот наоѓаат засолниште во селата во Идлиб.