Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ИДЛИБ (АА) – Седум цивили, од кои двајца потешко, се повредени во нападите извршени од режимот на Башар ал Асад во покраината Идлиб, на северозападот на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили, составени од Армијата на режимот на Асад и странски терористички групи поддржани од Иран, стационирани во областа Кефренбил, југозападно од Идлиб, со артилериски оган го нападнаа селото Ал Бара во близина на Автопатот М4 на југот на Идлиб.
Седум цивили, од кои двајца потешко, се повредени во нападите извршени од режимот на Башар ал Асад во покраината Идлиб. Повредените цивили се пренесени во околните болници.
Во текот на денот, силите на режимот на Асад исто така извршија интензивни ракетни и минофрлачки напади врз селата Бејнин и Дејирисунбул во регионот Џебел Завије во Идлиб.
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациска зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи заедно со Русија се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, кое режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во региони близу до границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.