Ekipa
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
ИДЛИБ (AA) - Пет цивили загинаа, а многумина се повредени во воздушен напад извршен во подрачјето Серакиб во Идлиб, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилната заштита во Идлиб (Белите шлемови), Мустафа Хаџ Јусуф, за АА изјави дека 5 лица ги загубиле своите животи во воздушниот напад врз Идлиб, а голем број цивили се повредени.
Јусуф истакна дека нападите во последната недела во подрачјето на Идлиб се интензивирани.
„Серакиб, Маарет Нуман, Кефренбил и Ериха се областите во Идлиб кои се изложени на интензивни воздушни напади. Режимот на Асад и Русија изведуваат околу 100 воздушни напади секој ден“.
Операциите за пребарување и спасување во Серакиб се во тек.
Пред три дена, 11 цивили загинаа, а 13 беа повредени во воздушниот напад на пазарот во Серакиб.
Врз Идлиб се вршат интензивни воздушни напади во текот на последните 1,5 месеци.
Идлиб и околината, на состанокот во Астана одржан минатата година, беа прогласени за зони без судири. Сепак, припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија повремено го кршат примирјето.