Ekipa
08 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ИДЛИБ/АЗАЗ (АА) - Првиот конвој од 3.194 лица евакуирани од енклавата во северниот дел на Хомс пристигна во подрачјето на Ал Баб, во северниот дел на Сирија, ослободен во минатогодишната операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Северен Хомс е бунтовничка енклава, која веќе пет години е под опсада од страна на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а со посредство на Русија постигнат е договор и евакуација на жителите во северниот дел на Сирија, контролиран од страна на сириската опозиција.
Првиот конвој од 66 автобуси од тоа подрачје тргна вчера во попладневните часови, а репортерот на АА од терен известува дека автобусите со евакуираните луѓе утринава влегле во Ал Баб.
Северен Хомс е подрачје кое во мировниот процес во Астана беше прогласено за зона без судири, а станува збор за енклава во која живеат над 200.000 цивили.