Nilay Kar
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ХАТАЈ
Обединетите нации денес испратија 19 камиони со хуманитарна помош во сириската област Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Камионите го поминаа турскиот граничен премин „Чилвеѓозу“ во јужната област Хатај.
Помошта ќе биде дистрибуирана до оние на кои им е потребна во Идлиб и неговите рурални подрачја.
Турција и Русија минатиот септември се договорија да го претворат Идлиб во зона на деескалација на судирите, каде што актите на агресија се строго забранети.
Сирискиот режим и неговите сојузници сепак, постојано ги прекршуваат условите за прекин на огнот, и извршуваат чести напади во зоната без судири.
Во деескалациската зона во моментот живеат околу 4 милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади лица раселени од режимските сили од нивните градови низ земјата во текот на изминатите години.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.