Adham Kako
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во нападите извршени во Сирија, од почетокот на годината до октомври загинаа 97 здравствени работници, јавува Сириската мрежа за човекови права (SNHR), пренесува Anadolu Agency (AA).
Само во октомври, во Сирија загинаа четворица здравствени работници. Нападите се извршени од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, руските сили и од меѓународните коалициски сили под водство на САД. Убиен е еден лекар, вработен во итната помош, како и двајца вработени во аптека.
СНХР наведува дека од почетокот на оваа година, до октомври биле убиени 97 здравствени работници.
Во извештајот претходно беше наведено дека најмалку 9.000 цивили се убиени во истиот период во судирите и нападите низ Сирија. Според податоците на Сириската мрежа за човекови права, во октомври во Сирија загинаа најмалку 920 цивили.