свет

Сирија: Експлозија во нафтената рафинерија на Асадовиот режим

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од доверливи локални извори, експлодирале танкерите со гориво што транспортираат сурова нафта во рафинеријата во Хомс

Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 20.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Сирија: Експлозија во нафтената рафинерија на Асадовиот режим

ИДЛИБ (АА) - Настана голема експлозија во нафтената рафинерија на Асадовиот режим во градот Хомс, што се наоѓа во централниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од доверливи локални извори, експлодирале танкерите со гориво што транспортираат сурова нафта во рафинеријата во Хомс.

Се истакнува дека експлодирале најмалку седум танкери.

Од градовите Хама и Тарсус се испратени дополнителни противпожарни служби со цел да се спречи ширењето на пожарот во рафинеријата.

Досега не се споделени информации за можни жртви или повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.