свет

Сирија ги негира медиумските извештаи за постигнување нов договор со СДФ

- „СДФ мора да ја сноси одговорноста за тоа што не го исполни тоа што го потпиша во присуство на големи сили, како што се Турција и САД, на 10 март“

Betül Yılmaz  | 25.12.2025 - Обновена : 25.12.2025
Сирија ги негира медиумските извештаи за постигнување нов договор со СДФ

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирија денес ги негираше медиумските извештаи за постигнување нов договор со Сириските демократски сили (СДФ), јавува Анадолу.

Заменик-министерот за информации на Сирија, Обада Куџан, истакна дека комуникациите со СДФ во моментов се прекинати.

„Бројките што се шират се поблиску до желбите отколку до фактите“, објави Куџан на американската компанија за социјални медиуми Фејсбук.

Тој ги повика медиумите да се воздржат од објавување „лажни и погрешни информации“.

Претседателскиот советник за медиумски прашања Ахмед Муафак Заидан рече дека опциите на СДФ се стеснети.

„СДФ мора да ја сноси одговорноста за тоа што не го исполни тоа што го потпиша во присуство на големи сили, како што се Турција и САД, на 10 март“, порача тој преку Фејсбук.

Заидан нагласи дека одбележувањето по повод првата годишнина од падот на Башар ал-Асад „јасно го покажаа внатрешното единство на Сирија и меѓународната поддршка за „новата Сирија“.

Сириските демократски сили (СДФ) се состојат од терористичката организација ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката ПКК.

На 10 март сириското Претседателство објави потпишување договор за интеграција на СДФ во државните институции, потврдувајќи го територијалното единство на земјата и отфрлајќи ги сите обиди за поделба.

Сириските власти велат дека во месеците што изминаа СДФ не покажаа никакви напори за исполнување на условите од договорот.

Сириската Влада ги интензивираше безбедносните напори од падот на режимот на Ал-Асад минатиот декември, по 24 години на власт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın