Levent Tok
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во последните 24 часа животот го загубија 78 цивили во нападите врз центарот на градот Рака, кој е под контрола на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Мрежата на активисти наречена „Рака безгласно се масакрира“ на социјалните мрежи објави дека во воздушните напади на коалициските сили предводени од САД и топовските гранатирања на Сириските демократски сили, составени од терористичката организација ПКК/ПЈД, во последните 24 часа животот го загубиле 78 цивили.
САД на 6 април објавија дека заедно со коалициските сили ја започнуваат операцијата за ослободување на центарот на Рака.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР), кон крајот на јули даде известување во коешто се вели дека од почетокот на декември минатата година до крајот на јули годинава, во нападите врз Рака животот го загубиле најмалку 1.400 цивили, од кои 308 деца и 203 жени.
Поради нападите кои се спроведуваат врз центарот на Рака од страна на коалициските сили, против ДЕАШ и терористичката организација ПКК/ПЈД, околу 450.000 цивили беа принудени да ги напуштат своите домови. Под опсада во Рака се наоѓаат околу 30.000 цивили.