Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
ИДЛИБ (АА) - Во северниот дел на Сирија се случи експлозија во близина на стадион во центарот на Идлиб. Во експлозијата загинаа шест лица, а едно лице е рането, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на цивилната заштита на Идлиб за АА изјави дека во близина на стадионот, кој се наоѓа во центарот на Идлиб, се случиле повеќе експлозии.
Тој потврди дека во експлозијата загинале шест лица, а ранетиот бил префрлен во болница во тешка здравствена состојба.
Раководителот на цивилната заштита изјави дека по експлозиите настанал пожар. Исто така, истакна дека противпожарните екипи и членовите на цивилната заштита успеале да го изгаснат пожарот.
Тој соопшти дека сѐ уште не се познати причините за експлозијата. „Екипите на цивилната заштита продолжуваат со работата на теренот. Причината за експлозиите ќе биде позната по завршувањето на истрагата“, додаде тој.