Gülşen Topçu
11 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириските активисти соопштија дека во воздушните напади на руската авијација во подрачјето на градот Деир ез Зор загинале 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) на својата интернет-страница соопшти дека во нападите на селото Елбулил загинале 19 лица, меѓу кои и две деца.
Сириските активисти тврдат дека во нападите на руските авиони, некои тела изгореле до непрепознатливост.