Levent Tok
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Дваесет и седум цивили загинаа во воздушните напади што меѓународната коалиција ги изврши во центарот на Рака, којашто е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата „Рака тивко умира“ на социјалната мрежа соопшти дека коалициските авиони предводени од САД, во последните 48 часа во центарот на Рака извршиле 133 воздушни напади.
За време на воздушните напади врз населбите, погодена е зграда во којашто загинаа 17 станари.
Според информациите на мрежата, во нападите се убиени и десет членови на едно семејство.