Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ИДЛИБ/АНКАРА - Најмалку 12 цивили загинаа, а 15 беа повредени во воздушниот напад на пазар во областа Марет Нуман во Идлиб, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА во Идлиб јави дека е извршен напад врз јужната периферија на Идлиб.
Меѓу загинатите има и деца, а цивилите се префрлени во блиските медицински центри. Постојат стравувања дека бројот на жртви би можел да порасне.
На местото на нападот се упатени екипи на Цивилна заштита, додека сѐ уште е непознато чиј авион го извршил нападот.
Идлиб, според договорот постигнат во Астана помеѓу Турција, Русија и Иран, е зона без судири.