Ahmed Asmar
28 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
ИДЛИБ (АА) - Сириските опозициски сили денес потврдија дека презеле 32 села и области во западниот рурален дел на Алепо, Северна Сирија, по големиот напад врз силите на сирискиот режим, јавува Анадолу.
Според дописникот на Анадолу, опозициските сили презеле десетици села од силите на режимот, меѓу кои и селата Урм Ал-Кубра, Анџара, Башнатра, Кафр Басма, Басратун, Хавр, Ал-Касимијах, Аџил, Бала, Ал-Салум, како и воена база на сирискиот режим, позната како База 46.
Заземената област во западниот рурален дел на Алепо зафаќа 245 квадратни километри, со што опозициските сили се на околу 5 километри од градот Алепо.
Вооружената група Хајет Тахрир ал-Шам и нејзините сојузнички сили соопштија дека заплениле тешка воена опрема и возила од режимските сили и заробиле десетици војници на режимот.
Според дописникот на Анадолу, илјадници луѓе побегнале од областите кон северозападниот рурален Идлиб.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на продемократските протести.