Ekipa
19 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ДАМАСК (АА) - Најмалку 17 лица загинаа, а 54 се ранети во артилериски напад кој силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад синоќа го извршија во источниот дел на Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските артилериски сили извршија напад на гробиштата во Ал Кабун, предградије на Дамаск, на кои граѓаните погребувале четири убиени лица во нападот кој се случил неколку часа претходно.
Во нападот на погребот загинаа уште најмалку 13, а ранети се 54 лица.
Претставникот на локалната Цивилна заштита, Мустафа Тавал, за АА изјави дека силите на Асад ги продолжуваат нападите врз подрачјата кои во источниот дел на Дамаск, односно во регионот Источна Гута, ги контролираат силите на сириската опозиција.
„Сирискиот режим во нападите користи разорни бомби кои се нарекуваат „слонови коски“. Цивилите се принудени да ги напуштаат своите домови” , изјави Тавал.
Нападите се грубо кршење на мировниот договор кој со подсредство на Турција и Русија во Сирија беше договорен на 30. декември минатата година.