Ekipa
23 Март 2025•Ажурирај: 26 Март 2025
ДАРА, ДАМАСК (АА) – Сириски уметници ја одбележаа 14-годишнината од сириската револуција со графити во Дамаск, преку улична уметност за да изразат отпор, сеќавање и надеж, јавува Анадолу.
Цртежите и сликите на ѕидовите во Дара претставуваат и визуелно оддавање почит кон борбата на народот и на стремежите на сите што беа погодени од конфликтот.
Уличната уметност, исто така, ги прикажува масакрите извршени од соборениот режим на Башар ал-Асад врз сирискиот народ.

Сириската револуција започна во март 2011 година, со мирни протести во Дара, кои беа поттикнати од апсењето и измачувањето на група тинејџери што испишале револуционерни слогани на ѕид.
Демонстрациите брзо се проширија низ целата земја, со барања за политички реформи, поголеми слободи и крај на авторитарното владеење на претседателот Асад.
По долгогодишен конфликт револуцијата доведе до пад на режимот на Асад, кој избега во Русија откако антирежимските сили ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември 2024 година.
Ова го означи крајот на владеењето на партијата Баас уште од 1963 година.
Во јануари 2025 година Ахмед ал-Шара, истакнат лидер на антирежимските сили, беше прогласен за привремен претседател за транзицискиот период.