Can Efesoy,Ahmet Karaahmet,Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
04 Декември 2024•Ажурирај: 05 Декември 2024
ТЕЛ РИФАТ (АА) - Сириската национална армија (СНА) ја пребарува 10-километарската мрежа од тунели во областа Тел Рифат, која ја ослободи од терористичката организација ПКК/ЈПГ, известува Анадолу.
Агенција Анадолу (AA) ја сними 10-километарската мрежа од тунели во Тел Рифат, која СНА ја ослободи од рацете на терористичката организација ПКК/ЈПГ на 1 декември, во рамките на операцијата „Зора на слободата“.
За време на активностите за пребарување, кои ги следеше екипа на АА, во тунелите ископани длабоко под зградите, покрај различни терористички материјали, пронајдени се и соби со кревети.
На ѕидовите од мрежата на тунели што се разгрануваат забележани се симболи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, а во просториите се пронајдени фотографии од терористите на ПКК/ЈПГ.
Тунелите биле широки приближно еден метар и високи два метра.
На снимките од подрачјето направени со дрон се забележува дека голем број куќи во Тел Рифат, кој со години е окупиран од терористите, пропаднале поради неодржување.
- Цивилните населби се користени за терористички активности
ЈПГ/ПКК копа тунели во окупираните области на Сирија, особено во областите блиску до граничната линија, со цел криење, инфилтрирање и ненадејни напади. Тунелите се користат и за транспорт и складирање материјали од едно подрачје во друго.
Терористичката организација претходно ископа тунели и јами во подрачјата на Африн, Мунбич, Ајнулараб, Тел Абјад, Ресулајн Сирин, Камишли, Хасака и Маликије.
Терористите, кои ги користат цивилите како штит, генерално, копаат тунели што водат до куќи, училишта, болници и места за богослужба во регионите што ги окупираат.
- Случувањата во Сирија
На 27 ноември избувна конфликт меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во западните села во провинцијата Алепо во Северна Сирија. Антирежимските вооружени групи, кои брзо напредуваа од западните села на Алепо кон центарот на градот на 28 ноември, најголемиот дел од градот го освоија на 30 ноември. Вооружените групи, кои имаат контрола над речиси цел Идлиб со преземањето на областа Хан Шејхун на 30 ноември, продолжуваат да напредуваат кон провинцијата Хама.
Центарот на Тел Рифат е ослободен од терористите за време на операцијата „Зора на слободата“ што ја започна Сириската национална армија (СНА) против терористичката организација ПКК/ЈПГ на 1 декември.