Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
05 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ДЕИР ЕЗ ЗОР
Таткото приведен заедно со своето дете во областа Деир ез-Зор, источна Сирија, остана без еден бубрег како резултат на тортурата извршена од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА добиени од локални извори, терористичката организација ЈПГ/ПКК ги приведе 45-годишниот Хамаде Али и 14-годишниот син Саад Али под обвинение за кражба на мотоцикл.

Бидејќи луѓето вклучени во кражбите на мотоцикли во местото се меѓу терористите на ЈПГ/ПКК, организацијата вината за кражбата ја префрли на таткото и неговиот син.
Таткото и синот, кои беа приведени, четири дена беа подложени на разни тортури од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Таткото, како резултат на тортурата, го загуби едниот бубрег, потоа е ослободен заедно со својот син.
АА стигна до фотографиите на кои врз грбот на таткото Хамаде Али, кој беше приведен од терористите на ЈПГ/ПКК, се забележуваат траги од тепање и тортура.