Ekipa
07 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар Асад, поддржан од Русија, игнорирајќи ги договорите од Астана и Сочи, ја зазеде областа Серакиб во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили составени од војската на режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, продолжуваат од копно да напредуваат кон југот и југоистокот на Идлиб.
По подолгите интензивни судири меѓу опозицијата и режимските сили, центарот на областа Серакиб беше заземен од силите на Асад, со воздушна поддршка на Русија.
- Значењето на Серакиб -
Околу 170 илјади цивили кои живеат во областа се раселија поради нападите на режимот и неговите приврзаници од ноември 2019 година.
Областа Серакиб, сместена на југоистокот на Идлиб, на 16 километри од центарот на градот, е позната како Порта на Идлиб.
Автопатот М5 кој се протега од Алепо-Идлиб-Хама-Хамус-Дамаск до Јордан и Автопатот М4 што ги поврзува покраините Алепо-Идлиб-Латакија, минуваат од Серакиб, што ја зголемува нејзината стратешка важност.
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција, се зголеми на 1 милион 677 илјади.