Emre Aytekin
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
КАЈЛУА-КОНА
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер ја потресе американската сојузна држава Хаваи, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на Големиот Остров, 24 километри југозападно од градот Кајлуа-Кона.
Засега нема информации за загинати, а од Цивилната заштита јавуваат дека без струја останале најмалку 3.300 објекти.
Одронета карпа го блокираше сообраќајот на една од главните сообраќајници на Големиот Остров.
Надлежните власти не дадоа предупредување од можноста за појава на цунами.