Nuri Aydın
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
РИЧМОНД (АА) - Во Сиднеј, Австралија, на 50.000 луѓе им е наредено да се евакуираат поради обилните дождови и поплавите кои почнаа од 30 јуни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради обилните дождови кои се засилени во последните неколку дена, во Сиднеј излеани се брани и канали.
Австралиската држава Нов Јужен Велс прогласи околу 23 населени места за „зони на катастрофа“ и најави дека ќе биде иницирана федерална помош за погодените од поплавите.
Доминик Перотет, премиерот на Нов Јужен Велс, ги предупреди жителите да бидат претпазливи бидејќи можни се нови поплави низ државата.
Перотет исто така соопшти дека наредбата за евакуација на 32.000 лица во Сиднеј е зголемена на 50.000 поради зголемувањето на влијанието на катастрофата.
Екипите за пребарување и спасување и итни случаи спасија околу 100 луѓе кои останаа заробени во своите автомобили и домови поради поплавите во текот на ноќта во градот.
Надлежните метеоролошки служби истакнаа дека од утре вечер врнежите ќе почнат да се намалуваат.
Во Сиднеј на 3 јули беа издадени наредби за евакуација на десетици илјади луѓе поради ризикот од силен дожд и поплави. До жителите беше упатен повик да се воздржат од патувања доколку не е потребно.