свет

СЗО: Од 7 октомври се забележани 410 напади врз здравствените служби во Појасот Газа

„СЗО повикува на почитување на меѓународното право и активна заштита на цивилите и здравствените служби“

Mustafa Deveci  | 20.03.2024 - Обновена : 22.03.2024
СЗО: Од 7 октомври се забележани 410 напади врз здравствените служби во Појасот Газа

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа се регистрирани 410 напади врз здравствените служби, а во тие напади загинале 685 лица, јавува Анадолу.

На социјалната мрежа Х на профилот на СЗО беше објавено соопштение за нападите врз здравствените служби во Појасот Газа, каде што израелската армија продолжува со бомбардирањето.

Нагласено е дека здравствените домови не би требало да бидат цел на израелските напади.

„СЗО документираше 410 напади врз здравствени служби од 7 октомври. Овие напади резултираа со смрт на 685 луѓе и ранети се 902 лица“, се вели во извештајот.

Утврдено е дека во нападите биле оштетени 99 здравствени установи, а погодени се 104 возила на брза помош.

Во соопштението се наведува дека 38 отсто од нападите биле извршени во градот Газа, 23 отсто на северот на Појасот Газа и 28 отсто во Хан Јунис.

„СЗО повикува на почитување на меѓународното право и активна заштита на цивилите и здравствените служби“, посочија тие.

Израел, кој е обвинет за геноцид, почна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

Досега се убиени 31.923 Палестинци, а 74.096 се повредени.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın