Afra Aksoy
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
АДЕН (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на регистрираните случаи на заболени во епидемијата на колера во Јемен, надминал над 960.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на СЗО се наведува дека од 27 април досега се регистрирани 962.536 сомнителни случаи, а во епидемијата животот го загубиле 2.219 лица.
Во соопштението се вели дека во областа Худејде се регистрирани најголем број сомнителни случаи, односно околу 140.000, а единствената област каде што не е забележана колерата е Сокотра.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, поради немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секојдневно се изложени на висок ризик да заболат од колера.