Ömer Faruk Yıldız
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во светот производите од тутун најмногу се фрлаат во отпад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на СЗО по повод Светскиот ден без тутун се осврнува на штетата од употребата на тутунски производи за животната средина и здравјето на луѓето.
„Тутунските производи кои содржат повеќе од 7.000 штетни хемикалии што се испуштаат во животната средина се материја која најмногу се фрла во отпад во светот“, се вели во соопштението на СЗО.
Меѓу другото, СЗО наведе дека 4,5 трилиони догорчиња од цигари се фрлаат во океаните, реките, тротоарите, парковите и плажите секоја година.
Исто така се забележува дека тутунските производи најмногу се одгледуваат во земјите со среден и низок приход, а водените површини каде што се одгледува тутунот во овие земји се погодни за прехранбено земјоделство.
Се нагласува дека филтерот во внатрешноста на догорчињата содржи голем број микропластики кои се штетни за животната средина и се втора најголема причина за загадување со пластика во светот.
Исто така во соопштението е упатен повик до тутунските компании да ги забранат филтрите за цигари со цел да се заштити глобалната животна средина.