Bayram Altuğ
20 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
ЖЕНЕВА
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е во контакт со британските власти и дека внимателно го следи случајот на појавата на мутираниот облик на коронавирусот кој значително побрзо се шири во некои делови на Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката на социјалната мрежа Твитер наведе дека англиските институции ќе продолжат да ги извршуваат сите резултати од истражувањата и анализите поврзани за новиот облик на коронавирусот.
„СЗО ќе ги извести сите 194 земји членки штом ќе има нови сознанија за карактеристиките на новиот вид на коронавирусот", се наведува во соопштението.
За да го намалат ризикот од доаѓањето на новиот вид на коронавирусот, Холандија Белгија ги забранија сите авионски летови кон Велика Британија. Исто така и Германија најави можна забрана на авионските летови од Велика Британија.