Elena Teslova
30 Септември 2022•Ажурирај: 01 Октомври 2022
МОСКВА (АА) ‒ Властите на украинската област Запорожје, назначени од Русија, денеска, вината за нападот во кој загинаа над 20 лица, а 34 беа ранети, ја префрлија на Украинските вооружени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владимир Рогов, шеф на сепаратистичката администрација, во објава на Телеграм рече дека Армијата на Украина нападнала конвој цивили што се движел од Украина кон секторот под контрола на Русија.
Рогов го нарече инцидентот чин на „одмазда“ за неодамнешниот референдум за припојување кон Русија, кој не е меѓународно признат.
Во периодот 23 ‒ 27 септември, украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск и делови на Запорожје и Херсон под контрола на Русија одржаа референдуми за припојување кон Русија.
Украина, од своја страна, ја обвини Русија за нападот.