Bedrudin Brlyavac
21 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Демократската сенаторка и член на Одборот за правосудство, Даен Фајнстајн, изјави дека актуелниот американски претседател, Доналд Трамп наскоро ќе поднесе оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Трамп наскоро самиот ќе се тргне од функцијата претседател“, порача Фајнстајн за време на обраќањето на протестите против претседателот на Соединетите Американски Држави во Лос Анџелес.
Таа додаде дека Трамп попрво ќе даде отказ отколку да дозволи да го присилат да ја напушти позицијата на прв човек на САД.
Таа истакна дека истражуваат бројни случаи во кои се забележани кршења на човековите права, а во кои е вмешан и Трамп.
„Многу од нашите луѓе ги испитуваат тие случаи. Мислам дека тој самиот себе наскоро ќе се тргне од функцијата“, рече Фајнстајн.
Инаку, и предходно некои американски политичари и аналитичари предвидуваа дека е можно Трамп да поднесе оставка.