Oktaj Omeragikj
25 Февруари 2025•Ажурирај: 28 Февруари 2025
ЛИСАБОН (АА) - Сместен во најзападниот дел на Европа, Лисабон, главниот град на Португалија, секоја година пречекува илјадници туристи со своите историски трамваи и природни убавини, известува Анадолу.
Лоциран на брегот на Атлантскиот Океан, градот е важен транспортен центар и за локалното население и за туристите.
Градот го привлекува вниманието на посетителите благодарение на историската содржина.
Фоторепортетот на Анадолу го фотографираше градот користејќи „tilt-shift“ (закосување и поместување), техника што се користи за пејзажни и архитектонски снимки.
Станува збор за фотографска техника што преку користење на специјални PC (perspective control) објективи и селективен фокус овозможува симулирање на минијатурни сцени. Фотографиите направени со оваа техника се навистина уникатни и неверојатни.