Ahmed Asmar
18 Декември 2024•Ажурирај: 18 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку седуммина Палестинци, вклучително и дете, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа денес, велат медицински извори, јавува Анадолу.
Израелско беспилотно летало гранатираше камп за раселени лица во централниот град Деир ал Балах, при што се убиени две лица, изјави еден од изворите.
Медицински лица пренесоа тела на две лица во болницата „Ал-Авда“ по израелскиот напад северно од бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, соопшти болницата.
Израелските сили погодија и дом во областа Џабалија Наза во северниот дел на Газа, при што се убиени две лица, додава друг медицински извор
Во Газа едно дете им подлегна на повредите добиени во израелскиот напад врз источниот кварт Ал-Дарај во градот, вели изворот.
Израелските сили приведоа двајца рибари што биле на риболов во близина на брегот на градот Деир ал Балах, изјавија очевидци.
Во бруталната израелска војна во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега убиени се повеќе од 45.000 луѓе, главно жени и деца.
Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.