Tevfik Durul
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, истакна дека нуклеарното прашање на Корејскиот полуостров може да се реши ако Јужна Кореја и САД одговорат на нивните добронамерни напори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа" соопшти дека претседателот на Работничката партија на Северна Кореја, а воедно и лидер на оваа земја, Ким Јонг-ун, на покана на генералниот секретар на Кинеската комунистичка партија, а воедно и Претседател на Кина, Ши Џинпинг, во период од 25 до 28 март оствари неформална посета на Кина.
Според веста на оваа агенција, за време на средбата, Ким и Ши разговарале околу билатералните односи, случувањата на Корејскиот полуостров, како и прашања околу самитот на лидерите кои ќе ги одржи Северна Кореја со Јужна Кореја и САД.
Се истакнува дека Ким Јонг ун за време на средбата рече дека имаат непроменлив став околу денуклеаризација на Корејскиот полуостров, и укажа на решителноста за доведување на односите меѓу Северна и Јужна Кореја на ниво на взаемен мир и соработка.
Како што се наведува во веста, Ким нагласи дека е подготвен да се сретне и да воспостави дијалог со лидерите на Јужна Кореја и САД.
„Ако Јужна Кореја и САД ќе одговорат на нашите добронамерни напори, и ќе помогнат за сздавање на атмосфера која ќе придонесе во мирот и стабилноста, тогаш може да се реши нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров. Се надеваме Кина да го зајакне стратешкиот дијалогот, и заедно да ја заштити таа умерена атмосфера насочена кон мирот и стабилноста кои атмосферата на преговори и дијалог ќе ги донесат на Корејскиот полуостров“, додаде Ким, се вели во веста на новинската агенција „Синхуа".
„Ќе продолжиме да преземеме конструктивна и активна улога“
Од друга страна, се истакнува дека, кинескиот лидер, Ши, ја поздрави волјата која ја покажа админситрацијата на Пјонгјанг околу решавањето на проблемите преку дијалог и преговори, и рече дека ќе продолжат да преземат конструктивна и активна улога со цел денуклеаризација на Корејскиот полусотров, и заштита на мирот и стабилноста во регионот.
Јапонскиот тв канал „NTV", претходно соопшти дека во понеделникот, во специјален воз обезбедуван на невообичаен начин, се наоѓала висока делегација, и дека во градот се зголемени безбедносните мерки. По оваа вест, се објавија вести дека лидерот на Северна Кореја, Ким, или неговата сестра, заедно со една делегација дошол во Кина.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг на вчерашната прес-конференција, во врска со прашањата околу ова посета рече: „Не разбирам ништо од она што го зборувате. Ако ќе има некоја информација, ќе соопштиме“.
Се очекува лидерот на Северна Кореја, Ким, кон крајот на април да оствари средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Је Ин, додека до мај месец со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Посетата на Ким во Кина, истовремено претставува прва негова посета во странство од денот на доаѓање на функција во 2011 година.