Ömer Faruk Yıldız
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
КУАЛА ЛУМПУР
Според веста на официјалната новинска агенција на Северна Кореја (KCNA), лидерот на земјата, Ким Џонг Ун, доби ново писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста се нагласува дека лидерот Ким истакнал дека содржината на писмото е многу убава и дека бил многу среќен кога го читал.
- Ким ја цени храброста на Трамп
Поздравувајќи ја храброста на Трамп, Ким истакнал дека ќе размисли за содржината на писмото.
Водачот на Северна Кореја, Ким, последен пат до Трамп испрати писмо на 11 јуни минатата година.