Zehra Ulucak
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ПНОМ ПЕН (АА) – Досега 17 лица ги загубија своите животи во несреќата до која дојде вчера при уривање на седумкатница во изградба, во Сихануквил, приморски град во југозападна Камбоџа, Југоисточна Азија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите истакнаа дека 17 работници го загубиле својот живот, а 24 работници се спасени од под урнатините откако се урнала зграда која била градена од страна на една кинеска градежна компанија.
Според властите, во времето кога се урнала зградата во објектот се наоѓале 30 работници. Од друга страна пак, еден од повредените тврдел дека во зградата има 55-60 работници.
Во спасувачката операција која траеше до ова утро учествувале околу 1.000 луѓе.
По настанот, четворица кинески државјани кои биле вклучени во изградбата на објектот се притворени. Сѐ уште не се познати причините зошто зградата се урнала.
Истрагата за инцидентот продолжува.
Шефот на полицијата во Сихануквил, Тул Форсда, во вчерашната изјава рече дека зградата се срушила во 5:00 часот наутро по локално време, а под урнатините останале заробени работниците од Камбоџа кои најдолниот кат на зградата го користеле како простор за спиење.