Murat Karadağ
08 Јули 2024•Ажурирај: 12 Јули 2024
СЕУЛ (АА) - Ким Џо-јонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, го критикуваше официјален Сеул, опишувајќи ја вежбата со боева муниција во пограничната област на Јужна Кореја како „самоубиствена хистерија“, јавува Анадолу.
Според наводите на севернокорејската новинска агенција (КЦНА), Ким Џо-јонг предупреди дека официјален Пјонгјанг ќе преземе „воени чекори“ доколку продолжат провокациите.
Таа го обвини Сеул за „намерна ескалација на тензиите“ со спроведување воени вежби со боева муниција во пограничните области.
„Вистинското прашање е зошто непријателот започна вакви воени вежби во регионот во близина на границата. Ова е самоубиствена хистерија и ќе се соочи со страшна катастрофа“, рече таа.
Таа нагласи дека јужнокорејската Влада се обидува да ја избегне внатрешната политичка криза преку ескалација на тензиите.
„Доколку процениме дека тие го нарушија нашиот суверенитет и презедоа дејства еквивалентни на објавување војна, нашите вооружени сили веднаш ќе дејствуваат во рамките на своите овластувања според Уставот“, додаде таа.
На 26 јуни маринците на јужнокорејската морнарица одржаа вежби со боева муниција на островите во близина на границата со Северна Кореја првпат по седум години.