Ekip
10 Март 2025•Ажурирај: 11 Март 2025
ХАН ЈУНИС (АА) - Луѓето во Појасот Газа страдаат од недостиг на храна поради израелската блокада на хуманитарната помош, известува Анадолу.
Израел го прекрши договорот за прекин на огнот и спроведува „систематска и намерна“ политика на изгладување на Палестинците запирајќи го влезот на хуманитарна помош во енклавата.
Палестинците со часови чекаат во ред за леб од пекарниците кои произведуваат ограничени количини леб.