Gülbahar Sayım
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
ТУНИС (АА) - И покрај постоечката забрана за превезување патници со камион, во Централноафриканската Република се преврте камион со луѓе. Во несреќата животот го загубија 77 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во националните медиуми, и покрај постоечката забрана, еден возач на камион превезувал патници, но во еден момент ја изгубил контролата врз камионот на патот од градот Бамбари кон подрачјето Ипи, при што камионот се превртел.
Во несреќата животот го загубија најмалку 77 лица, а близу 60 се повредени.
Во веста се наведува дека е започната истрага во врска со случајот.