Cüneyt Karadağ
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) – Се зголемува бројот на Британците кои земаат германско државјанство откако Велика Вританија донесе одлука за излез од Европската Унија (Брегзит), јавува Anadolu Agency (AA)
Федералниот завод за статистика соопшти дека во 2016 година, 110.400 странци зеле германско државјанство.
Според соопштеното, бројот на Британците кои зеле германско државјанство изнесува 2.865, а оваа бројка во 2015 година изнесуваше 622.
Според тоа, за 361 отсто се зголемил бројот на Британците кои зеле германско државјанство.
Во споредба со годината пред неа, минатата година за 17 отсто се намали бројот на Турците кои зеле германско државјанство. Во 2016 година 16.290 Турци зеле германско државјанство.