Sümeyye Dilara Dinçer
09 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
АНКАРА (АА) - Светски познатите филмски ѕвезди, спортисти и музичари се приклучија на кампањата за поддршка на Украина започната на социјалните мрежи, известува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната организација „Глобал ситизен“ (Global Citizen) ја започна кампањата #StandUpForUkraine, повикувајќи на финансирање на хуманитарните заложби во Украина и други делови од светот.
Во кампањата учествуваа голем број познати имиња, меѓу кои и Брус Спрингстин, Хју Џекмен, Џон Бон Џови, Елтон Џон, Џонас Брадерс и Били Ајлиш.
„На бегалците во Украина и во светот сега им е потребна наша помош“, истакна Брус Спрингстин во видеото објавено на Твитер.
Канадската пејачка и текстописец Селин Дион ги повика светските лидери да им помогнат на сите што се принудени да ги напуштат своите домови.
Барбара Стрејсенд исто така изрази поддршка на кампањата.
Кампањата ја поддржаа и бројни ѕвезди и музички групи, како што се Викнд, Деми Ловато, Мадона, Мајли Сајрус, Ози Озборн, У2, Кети Пери, и НБА кошаркарските тимови на Сакраменто Кингс, Торонто Репторс и Мемфис Гризлис.