Gökhan Ergöçün
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската банка одобри заеми и помош од 720 милиони долари поддршка на Владата на за исполнување на основните потреби на граѓаните погодени од војната, известува Агенција Анадолија (АА).
Светската банка соопшти дека Извршниот одбор одобрил дополнителен пакет буџетска поддршка за Украина.
„Пакетот вклучува дополнителен заем од 350 милиони долари и 139 милиони долари гаранција, а започната е и мобилизација на неповратни средства во износ од 134 милиони долари и паралелно финансирање од 100 милиони долари“, се вели во соопштението.
Оваа поддршка ќе и помогне на Владата на Украина да ги обезбеди основните потреби на граѓаните, вклучително и исплата на плати на болниците и пензиите, како и да ги поддржи социјалните програми за загрозените.
„Групата на Светска банка е со народот на Украина и регионот. Ова е првиот од многуте чекори што ги преземаме за да помогнеме во справувањето со далекусежните човечки и економски влијанија на оваа криза“, изјави Дејвид Малпас, претседателот на Светската банка.
Нападот на Русија врз Украина, кој започна на 24 февруари, предизвика гнев кај меѓународната заедница, а Европската унија, Обединетото Кралство, Канада, Јапонија, САД (САД) и нивните сојузници воведоа економски санкции кон Москва.
Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, најмалку 406 цивили се убиени од почетокот на војната, 801 се ранети, а 1,7 милиони ја напуштиле Украина во соседните земји.