Mehmet Nuri Uçar
20 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
РИЈАД (АА) - Просаудиските коалициски сили пресретнаа и неутрализираа беспилотно летало со кое проиранското бунтовничко движење на Хусите од Јемен го гаѓаше меѓународниот аеродром во југозападниот дел на Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Коалицијата се наведува дека бунтовниците Хуси се обиделе да извршат напад на аеродромот „Крал Абдула“ во Саудиска Арабија со беспилотно летало со големо количество експлозив.
„Беспилотното летало беше пресретнато и уништено пред да го погоди аеродромот со цивили. Уништени се и неколку полигони и складишта што Хусите ги користат во Сана за криење на беспилотни летала“, се вели во соопштението на Саудиската новинска агенција (SPA).
Јеменските бунтовници Хуси досега не го коментираа случајот.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран од септември 2014 година го контролираат главниот град Сана и одредени региони.
Конфликтот ескалира една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската Влада и почнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Обединетите нации предупредуваат дека една од најголемите хуманитарни кризи во светот е на сцената во Јемен, со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и немање основни услови за живот.