Dilara Hamit
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
АНКАРА (АА) - Саудиска Арабија денес ги суспендираше авионските и бродските услуги поради загриженоста во врска со епидемијата на коронавирусот, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Владата привремено им забрани на своите државјани и на странските државјани што живеат во Саудиска Арабија да патуваат во Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Либан, Сирија, Јужна Кореја, Египет, Италија и Ирак“, објави официјалната новинска агенција СПА.
На лицата што доаѓаат од тие земји и на оние што биле таму во текот на изминатите две недели, моментално им е забранет влез во земјата, а Саудиска Арабија исто така ги запре сите летови и патувања со брод од овие земји.
Во соопштението беше посочено дека ограничувањето наметнато за пристигнувањата од Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин важи само преку авиокомпаниите и влезот преку автопат не е забранет.
„Бројката на починати од вирусот на глобално ниво изнесува околу 3.500 лица, со повеќе од 100.000 потврдени случаи“, се соопштува од Светската здравствена организација (СЗО).
Како дел од напорите за да се спречи појавата на епидемија, владите ги затворија границите и ги суспендираа воздушните и копнените патувања во најмногу погодените земји, вклучувајќи ги Кина, Иран и Италија.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи многу висок степен на глобална опасност.